Sunday, December 19, 2010

АВСТРИЈА



Австрија (германски: Republik Österreich) е земја во Централна Европа, без излез на море. Се состои од 9 сојузни држави. Се граничи со Германија иЧешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Во овие граници зафаќа површина од 84000 км2 и на тој простор живеат над 8 милиони жители. Главниот град на Австрија е Виена.
Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.















Знаме на Австрија                                                Грб на Австрија

Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во камената доба. Најпознатиот локалитет од тоа време е Вилендорфска Венера 
која била пронајдена во Вилендорф во Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Покасно, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата  нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.
   Вилендорфска венера
Во периодот кога келтите под контрола   на Рим се романизирале, на север се населиле германите, мешајќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.


Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Во околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словенитеи Аварите на исток. Во 10 век биле победени унгарците, и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за прв пат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.










                                   ВИЕНА

Во 1278 година, кнежеството Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиската империја бргу напредувала, и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.
Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно своето население го принудил да го прифати католизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Света Римска империја, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.
Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел одСрбија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.
Во 1867 година, крал Франц Јозеф го одобрил создавањето на двојната монархија Австро-Унгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.

Австро-Унгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главна причина се гледа стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со што повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.
По војната од територијата на Австро-Унгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.
По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.

Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.

Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.
Површината на Австрија изнесува 84000 km², и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.

Австрија е главно населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. По своето државно уредување Австрија е Република, а нејзин главен град е Виена. Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км². Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.

Австрија во голема мера била под влијание на Протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на Контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајните еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), главно, престојувале во Виена, и истата била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2 / 3 од еврејската популација емигрирала од 1938 до 1941 година), и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани.
Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани.  Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија. Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5.7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Каринтија, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на Хиндуисти, будисти и евреи и.т.н.








АЛБАНИЈА



Албанија  е медитеранска и балканска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата едемократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70% од населението се муслимани, 20% се православни христијани и 10% се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права.Албанија е член на НАТО.


Албанија е средновековно латинско име за државата која на својот јазик се нарекува Shqipëri. Коренот на зборот, поточно суфиксот алб- потекнува од илирски збор за бело. Покасно народот почнал да ја вика државата со денешното име што значи „земја на орелот“ или „земја на планинскиот орел“.



Просторот на денешна Албанија бил населен уште од најраните времиња. Најраното население кое се споменува низ историјата е праиндо европската нација, кој го населила поголемиот дел од Медитеранот. Овие племиња многу бргу биле заменети со прото-хеленските племиња, кои постепено ги зазимале просториите на денешна Грција, Јужна Македонија и Јужна Албанија.
Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. когаРимјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. -228 година п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.
За време на владеењто на Римската империја и Византија, во Албанија краткотрајно хуните и визиготите правиле нереди и востанија. Во 6 век на дел од територијата на Албанија се населиле словените, кои воделе меѓусебни војни со месното население.

Од 861 до 1018 година, албанската територија се нашла во составот на Самоуловата држава. По падот на Цар Самоил, Албанија паднала во рацете на Византија.Во 1478 година, Албанија паднала под власта на Османлиската империја. Еден од најпознатите личности од ова време е Скендер Вег. Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска. Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Туците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска, се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. По примањето на христијанската (православна) вера, го сменил и името од Скендер Бег, во Ѓорѓија Кастриот неговото име од детство. Оттогаш водел беспоштедна борба против Османското царство.

Во времето на Втора светска војна, албанските фашисти ги помагале италијанците во борба против грците и југословените. По војната, власта била заземена од комунистите во ноември 1944 година, под раководство на Енвер Хоџа и Мехуд Шеху. Енвер Хоџа ги расипал односите со Белград,Москва и Кина, воведувајќи ја земјата во изолација прво од страна на т.н. западен блок на САД, Западна Европа и Канада, а покасно и од источните комунистички земји.

Албанија има вкупна површина од 28.748 километри квадратни. Брегот на Албанија е долг 362 километри и зафаќа делови на Јадранско Море и Јонско Море. 70 % од територијата на Албанија е планинска и највисок врв е Кораб на македонската граница. Климата на Албанија е континентална. Покрај Тирана, други поголеми градови во Албанија се: Драч, Елбасан, Скадар, Ѓирокастро, Валона, Горица и Кукс.

Албанија е парламентарна демократија основана во обновениот устав од 1998. Денес избори се одржуваат на секои четири години за 140 пратенички места во народното собрание на Албанија. После усвојувањето на новиот устав Албанија се свртела кон евро-атланскте интеграции и на 2 април 2009 година Албанија стана 27-та држава членка на НАТО.

Бројот на жители во Албанија изнесува 3 619 778 души според пописот на населението од 2008 година и според истото се наоѓа на 130 место по бројот на население во светот. Историски, државата е разделена на Северна Албанија и Јужна Албанија. Како граница помеѓу северот и југот се смета реката Шкумбини.
Албанскиот јазик е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат гегскиот дијалект во Косово и делови на Македонија. Впрочем, се уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки,македонски, српски и турски.

Македонците се едно од малцинствата во Албанија и се претпоставува дека нивниот број е околу 150 000. Тие живеат покрај албанско-македонската граница воМала Преспа, Голо Брдо и Гора, а во голем број ги има и во: Корча, Елбасан, Драч, Тирана и други места. Тие се организирани во повеќе здруженија од кои најпознати се "Преспа" и "Мир", а имаат регистрирано и своја политичка партија. Засега како македонско национално малцинство се признати само Македонците во регионот на Мала Преспа, каде тие се организирани и имаат општина раководена од етнички Македонец, Пустец. Во регионот на Мала Преспа, етничките македонци имаат право на образование на мајчин јазик, но само во основното образование. Она што е апсурдно е тоа што иако во гимназијата во Мала Преспа предаваат професори етнички Македонци на ученици етнички Македонци, сепак наставата се одвива на албански јазик. Во Албанија постојат и малубројни групи кои се декларираат како етнички Бугари и кои имаат свои организации во Голо Брдо и Гора. Но, загрижува фактот што Република Бугарија преку одредени активности бара поддршка од албанските власти и се труди да ги асимилира етничките Македонци кои што живеат во Албанија терајќи ги да се декларираат како Бугари. Еден од повидните македонски активисти кои што живеат во Албанија е професорот на Тиранскиот Универзитет од македонско етничко потекло, г-нот Кимет Фетаху.

Според европските стандарди, Албанија е сиромашна држава. БНП по глава на жител изнесува 25% од просечниот стандард на ЕУ во 2008 година. Албанија покажала потенцијал за економски раст бидејќи економијата на Албанија се зајакнува и бизносот во државата расте. Албанија и Кипар се единствените држави во Европа кои во првата половина на 2009 година оствариле економски раст, сепак незначителен.

Културата на Албанија е составена од повеќе елементи, како и од влијание од околните култури. Албанската народна музика се дели на три групи: геги, тоски и лаби. Јужните звици се зметаат за херојски и силни, додека северните етно звуци се сметаат за посмирени и нежни.
Албанскиот јазик бил потврден како индоевропски јазик во 1854 година од германскиот филолог Франц Боп. Овој јазик прави своја посебна група во ова јазично семејство. Потеклото на албанскиот јазик и на албанците се поврзува со Илирите и со дачи-тракијците.