Monday, January 31, 2011

село Тополовиќ, Кратовско

Локалитетот Вруќа Вода, во атарот на кратовското село Тополовиќ, оддалечено дваесетина километри од Кратово, од година во година станува се' попопуларна народна бања и еден од најчестопосетуваните места на подрачјето на општината Кратово. Лековитоста на топлиот извор со капацитет од 12 л. минерална вода во секунда, која блика од 360 м. длабоката дупка, веќе ги мина локалните граници. Лек за неиздржливите ревматски болки од овој извор сега бараат и лица од соседните градови и места. Најчести посетители и намерници овде се пензионирани лица од Кратово и од Пробиштип. Доаѓаат со комби или со такси-возила за 100 денари во двата патни правца, уживаат во природните благодати и бесплатната народна бања. И покрај бесплатниот престој и благодатот што го нуди изворот во Тополовиќ, љубителите на бањскиот туризам сепак се претпазливи кога и колку време им трае терминот за престој во базенот. Подолгото останување во водата не е препорачливо. Особено ако човек има проблеми со срцето. Топлата минерална вода може да излекува, но ако се претера, поголема е штетата од ползата
На површина од половина хектар на кој се простира локалитетот Вруќа Вода досега малку е инвестирано. Поради нерасчистените имотно-правни односи за докажување на сопственоста на местото на кое е направена дупка од која истекува водата, освен еден запуштен и два новоизградени бетонски базена, други придружни објекти нема.

с.Шлегово, Кратовско


Во блиска околина на Шлегово има многу траги од ископувања во старите јами - кои биле активни дури од античко време. Во јамите се пронајдени многу артефакти, меѓу кои и фигурина на богот на рударите Херакле - заедно со рудар кој го поздравува со римски поздрав. Во тие јами има верувања дека до ден денешен постојат скриени големи количини на злато. Името на Шлегово скоро сите го врзуваат со старите Шлези кои се тука дојдени да ја експлоатираат богата руда (олово, цинк и благородни метали, особено злато и сребро). Тие формирале своја колонија. Можеби затоа Шлегово и не личи на типично македонско село. За Шлегово се врзува една интересна приказна.  Имено поради свои причини Шлеговчани - измислиле свој специфичен јазик Шлеговски, таканаречен мајсторски говор - говор на многуте занаетчии: Фурнаџии, Налбати (луѓе што подковуваат коњи и други говеда), Ковачи, Шивачи, Качари, Корпари, Самарџии, Влачари, Месари, Киради (превозници на стока со коњи, мазги - кои со по триесетина товара често оделе за Солун и Ќустендил - набавувајки газија и други потреби за Кратово и околината). Значи со испревртени зборови се разбирале само тие меѓу себе (анаграмски начин на говор). Во поново време овој говор служи за мајтап со оние кои не го разбираат ...Шлегово е познато и по фурнаџискиот занает, тие месат, специфичен леб кој може да стои свеж со денови, а има и убав вкус и мирис. Секое шлеговско семејство во дворот има специјална фурна за леб која служела и за печења на прасиња. Секој двор има и лозница, бунар а често и кладенец - извор на питка вода, броен добиток во шталите и особено многу кози - кои се специфика за Шлегово. Шлегочани особено добро имаат усовршено правење на вино и домашна ракија од своите лозници. Некoјпат во Шлегово имало и централна фурна која денеска не постои.

Шлегово ја краси прекрасна црква посветена на Пресвета Богородица која се наоѓа насред село, градена 1861 г., веројатно на основи на некоја постара црква. Црквата однадвор прекрасно изгледа, белег од надвор даваат убавите гравури на животни кои се наоѓаат на надворешните зидини, има некоја симболика во нив. Пред некоја година реобновен е тремот и оградата на Црквата.

За Црквата има мала приказна за клучот со кој се одклучува црквата ... Имено тој е правен од вистински мајстор на клучарскиот занает, украсен со прекрасно ланче. Постои верување дека тој што прв ја отвара црквата со овој клуч - клучот му носи среќа. Црквата е најмногу посетена во неделите кога доаѓаат и кратовчани. Тогаш уште во рани зори доаѓаат трагачите на среќа и бараат тие да бидат за тој ден - тие што ке ја отклучат црквата, за да клучот овојпат нив им донесе среќа ...


Особена убавина дава Камбанаријата, прекрасно архитектонски вклопена  во самата Црква и околината со старите селски куќи, кои заличуваат на кратовската школа на градење на куќите. Камбанаријата е градена неколку години по завршувањето на Црквата собирани се доброволни прилози од целото село, некој давал пари, некој злато, секој кој што имал. Звоното е донесено од Серес Егејска Македонија. Звоното било обложено со златни букви кои “ги снемало“ во текот на втората светска војна. Но и ден денеска Шлегово ечи од звонењето на звоното кое има продорен глас и се слуша на многу далеку ... Внатрешноста на црквата е иконописана. Особено е интересен фактот дека тука се наоѓаат неколку уникатни фрески сликани на кожа кои се донесени од блискиот Манастир во месноста Здравче Камен. Внимание предизвикува едно живописано платно кое служело некојпат за Процесија. Шлегово има уште една црква во склоп на селските гробишта “Свети Никола“, но на оваа, “Пресветла Богородица“ - Шлеговчани се посебно горди ...

Како до Шлегово?  Од Скопје до Кратово имате 96 км.,  а од Кратово до Шлегово уште неполни 5 км. Покрај патот во близината на Осоговските планини има прекрасна визура од природа и чист воздух на претек. Кратово и Шлегово можете да го посетите и сами но ако сте група најдобро е да земете туристички водич, за да Ви акцентира и појасни некои детали. Добар водич за Кратово и околината е Стевче Донев од Општинскиот центар за карпеста уметност од Кратово -специјалист за овој крај.

Кратово-мостови, кули, подземни тунели!

Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи, а годинава од мај до ноември се очекуват нови тури на гости од Италија, Германија, Данска и Велика Британија

















СИМИЌЕВА КУЛА - КРАТОВО























































































Кратово градот на мостовите, кулите, подземните тунели, старите борови од мај до ноември годинава се очекува да биде посетен од повеќе странски туристи. Закупени се речиси сите еднодневни аражмани на италијанските, германските, дански и англиските тур-оператори за посета на Кратово и неговата околина. Транопира, Коритос, Кратер, Кратис Кора, како што низ векови бил нарекуван овој интересен и стар македонски град, годишно го посетуваат од 3.500 до 4.200 домашни и странски туристи. Соработката со домашните и странските туристичките агенции се реализира преку Здружението на граѓани од Центарот за карпеста уметност во Кратово, чиј основач е кратовчанецот Стевче Донев.
Според Донев, во кратовскиот крај има што да се види, оти изобилува со цркви и ретки и живописни фрески, но и археолошки наоѓалишта како што е праисториското живеалиште Цоцев Камен и импресивниот археолошки локалитет Куклица, популарно наречен кај мештаните Веселата свадба со 148 грандиозни камени кукли.

Од град којшто во 17 век бил во подем и важел за еден од најголемите рударски региони на Балканот со околу 50.000 жители, Кратово денес едвај има 7.000 жители. Причина за тоа е што последниве години многу малку странски инвестиции се влезени во стопанството, поради што младиот и образовен кадар заминува на работа во Скопје или во околните балкански земји.

За Донев токму туризмот може да го воскресне Кратово, оти навистина има што да му се понуди на посетителот. Но за тоа, како што нагласува Донев, потребно е помош и од локалната власт и од Министерството за економија, односно секторот за туризам.
- Има услови за развој на алтернативен туризам, селски, верски туризам, како и архиолошки туризам. Нашиот Центарот за карпеста уметност којшто е прв од ваков вид во Југоисточна Европа, веќе побара од локалната власт да реставрира една од старите кули и таму да се продаваат сувенири, да се изложат старите артефакти и гравири - вели Донев. Тој објаснува дека за туристите се интересни и старите занаети кои во градот порано ги имало во изобилство. Голем хендикеп за туризмот е што во Кратово нема капацитети за преноќување, поради што туристите посетите ги реализираат само на еден ден.
- Околу триесетина куќи стари и по 120 години со интересна и автентична архитектура ќе бидат доволно да се реставрираат и да се направат како мини хотелчиња каде ќе се служи македонската храна по бабините рецепти. За ова веќе неколку пати пративме абер до Министерството за економија и секторот за туризам. За да се реализира еден ваков проект, а објектите да ги задоволат потребите на современите туристи е потребно околу 1,5 милиони евра, вели Донев. Тој нагласи дека досега како регионална канцеларија и информативнотуристичко биро се потпомогнати од Германската Влада -ГТЗ. Донев најавува дека имаат потреба од нови вработувања на преведувачи, изработувачи на сувенири и уметнички слики.

Според него, ако овој проект се реализира тоа ќе биде вистинска туристичка револуција за Кратово.

Проектот може да биде готов до 2011 година ако локалната власт помогне во изработката на физибилити студија, но и да овозможи навреме да се ангажира квалитетна фирма што може да ја релизира реставрацијата на куќите.
- Јас веќе имам подготвено една стратегија за развој на туризмот од 2008 до 2012 година, за која што првично беа одвоени 17.000 евра за праисториското живеалиште Цоцев Камен, но парите се уште не се пристигнати - вели Донев. Тој се се пожали дека гостите кога шетат по Кратово се разочарани од нехигиената околу кулите и мостовите. Донев апелира до локалната власт да се одвојат средства кои ќе бидат вложени во континуирано расчистување на сметот, но апелира и кон кратовчани да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе стасаат.

Кули и подземни тунели

Кратово е град и голем број на средновековни кули, од нив 12 се лоцирани на левата страна од градот, а 5 на десната. Во моменот како што објаснува Донев само 6 од нив се очувани, додека другите се поприлично оштетени и неопходна е нивна реставрација. Најголем дел од кулите настрадале за време на Карпошовото востание.


 Најстара и најбогата кула е Златкова кула, додека пак од познатата Сарај кула под Кратово се протегат подземни ходници (подземни тунели) коишто се раширени дури до Радин мост. Ходниците биле направени за да се кријат монетите коишто биле ковани во Кулата, што едновремено била и ковачница и менувачница.

Град со најмногу мостови и реки
Кратово е и град на околу 17 мостови, иако денеска сите не се во функција. Најпрочуениот мост е Радин мост, за коишто е исплетена потресна легенда дека во темелите жива е заѕидана Рада. Според приказната мостот го граделе 9 браќа, но тој постојано паѓал и за да го зацврстат одлучиле најмладата снаа жива да ја заѕидаат. Таа имала машко дете доенче и плачејќи побарала да и ја остават слободна десната града, за да може да го надои чедото.

Со својата убавина пленуваат и другите кратовски мостови, како што е Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокширскиот како и Гореномалски мост. Но Кратово е град низ коишто течат повеќе реки. Манцева Река, Баба Карина Река и Табачка Река се спојуват во ценатарот на Кратово и ја формират Кратовска Река.

Кратово е познато и по горостасните борови кои датират од 14 век. Тие се високи над 25 метри, а врвовите на дрвјата им се подгорени од гром. Најстарата фотографија на која се гледат боровите датира од 1927 година.

Исцелителна фреска на Исус Христос со сребрена рака
Црквата Свети Јован опсечен, којашто датира од 15 век, во 1689 година за време на Карпошовото востание била опожарена, по што повторно е обновена од страна на прочуениот мајстор Андреј Дамјанов.

Црквата меѓу верниците е позната по фреските на Исус Христос, Богородица и Свети Јован опсечен, коишто имаат сребрена рака. Тие се изработени од прочуениот мајстор Захарие Досев - Самоковец.

Според верувањето на верниците сребрената рака изработена од среброто на кратовските рудници е со исцелителна моќ. Токму затоа за претстојните Велигденски празници се очекува во оваа Црквата да пристигнат голем број на верници, за да ги следи среќа, здравје и радост преку целата година. Црквата секоја година е посетена од гости од Словачка, Хрватска, Германија, а специјален гостин бил и амбасадорот на Украина во земјава.

Инфо за Кратово

Кратово
 Локација: Североисточен дел од Р.Македонија
 Површина: 376 км2
 Број на населание: 10.441 (98% македонци)
 Број на населени места: 31
 Центар на општината: градот Кратово (со 7.496 жители)
 Адреса на општината: „Плоштад Маршал Тито“, бб, 1360, Кратово
 Телефон: 00389(0)31481202
 Фах: 00389(0)31481335
 Веб адреса: /
 е-маил: Opstina_kratovo@yahoo.com
 Туристички локалитети:
 Локалитет Куклица
 Локалитет Цоцев камен
 Кратовски средновековни кули
 Староградска Македонска архитектура
 Средновековни мостови
 Сместувачки капацитети:
 Хотел Кратис - 60 легла и 2 сали за по 250 гости
 Ресторант Александрија - 100 гости
 Можности за инвестиции во туризмот:
 Изградба на сместувачки и угостителски објекти
 Идеални услови за развој на рурален, ловен и риболовен туризам
 Природни ресурси:
 Наоѓалишта на метали (Олово, Цинк,Бакар, Злато)
 Наоѓалишта на неметали (Силекс, Туфови, Кварц, Гранит и др.)
 Вкупно обработливо земјиште - 9.507 хектари
 Пасишта - 10.679 хектари
 Површини под шуми - 9.064 хектари
 Еколошки чиста планинска средина и пространи пасишта
 Позначајни стопански гранки:
 Градежништво - 2 стопански капацитети
 Прехранбена индустрија - 8 стопански капацитети
 Дрвно преработувачка - 1 стопански капацитет
 Рударска индустрија - 1 стопански капацитет

Aрхеолошки локалитети во околината на Кратово

1. ВАКУФ
Чукарче, старохристијанска црква. Кај утоката на реката Повишница во Крива Река се издига ниска чука која зафаќа простор од 50x50 м, оградена со ѕид од сувоѕидица. Во средишниот дел на просторот се гледаат темели од црква, а се среќаваат и фрагменти од покривни ќерамиди. 
 
2. ГОРНО КРАТОВО
Градиште-Чукар
, градиште од доцноантичкото време. На 2 км од месноста Грамади се издига висок и тешко пристапен рид. На самиот врв има добро зачувани остатоци од бедем што оградувал простор од 50x50 м, ѕидан од камен и варов малтер, широк 1,50 м. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Грамади, населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Гарганци, на простор од 800x600 м се среќаваат градежен материјал, питоси и покривни ќерамиди. Во нивата се откопани три питоса, а најдена e минијатурна статуетка од бронза со претстава на богот Меркур. Статуетката се чува во Музејот на Македонија во Скопје.
 
3. ЕМИРИЦА
Градиште, градиште од доцноантичкото време. Во пределот на Лопен, до утоката на Модра Река во Злетовица се издига низок рид со зарамнет врв на кој се зачувани остатоци од мало градиште. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
 
4. ЖЕЛЕЗНИЦА
Манастириште
, некропола од доцноантичкото време. На јужниот раб на селото, при проширувањето на патот што води за Кратово биле откриени и уништени неколку гроба. Во нив имало керамички садови и монети кои не се зачувани. Равниште, некропола од римското време. Локалитетот се наоѓа над селото, на високото плато каде што е подигната опитната станица за овоштарство. Во 1961 овде бил уништен дел од некропола, поточно 4 гроба градени од големи камени плочи. На една од плочите, што подоцна била украдена, имало релјефна претстава и натпис. Во близината на некрополата бил откопан еден питос и уште неколку во местата Вук и Живолевски Рид, во реонот на селските лозја.

5. КНЕЖЕВО
Куково Градиште
,
градиште од доцноантичкото време. На зарамнетото плато со простор од 100x80 м на високиот рид што се наоѓа на 1 км источно од селското училиште се гледаат остатоци од масивни темели на бедем ѕидан од камен и варов малтер. Речиси по целата површина има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
 
6. КОЊУХ
Големо Градиште,
утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на висок рид покрај Крива Река, во близината на селото. На врвот има плато со безброј објекти исклепани во карпа, мали испоснички ќелии со траги од живопис, многу крстови и симболични знаци врежани до самите влезови. Населбата била расположена на главниот пат што водел од Куманово за Софија (Сердика). Во старохристијанскиот период претставувала голем црковен центар во провинцијата Дарданија, во Источен Илирик. Ова било посебно изразено со формирањето на архиепископијата Јустинијана прима од императорот Јустинјан I, со која се стремел црковните диецези да ги ослободи од големата власт на римскиот папа. По населувањето на Словените во овие области, Коњух и околината паѓаат под јурисдикција на епископијата на Брегалница, а подоцна, со повторното ширење на византиската власт, под епископијата во Мородвис. Од средината на IV и во текот на X век овие територии биле зафатени со акцијата за покрстување, раководена од св.Климент. На територијата на деспотот Драгаш, во 1373 година го наоѓаме под името Коњух, за кое се претпоставува дека било земено од словенската митологија.
Во подножјето на Големо Градиште уште во 1919 година бил откриен црковен објект кој има посебно значење за истражувањето на почетоците и на развојот на црковната архитектура во Македонија.  Според основата и внатрешното уредување црквата им припаѓа на градбите со централно решение и со купола. Од надворешната страна има форма на правоаголник во кој централниот простор има впишана кружна основа и е опашан со ходник со потковична форма, поставен на масивно ѕидани столбови и меноа. Должината на црквата изнесува 23 м, а ширината 7,50-14 м. Во олтарниот простор е формиран амбулакрум. Зачувани се основите на епископската катедра, а од страните делови од синтроносите. Има остатоци и од олтарната преграда, поставена на 6 столба. Подот во презвитериумот е обложен со мермерни плочки кои во техниката опус сецтиле формираат крст. Црквата имала раскошно изграден амвон од кој се најдени делови од архитектонската пластика од зелен песочник. На абакусот на еден од капителите има натпис ОМАТРИРС кој се толкува како ДОМУС МАРТИРИС. Објектот како градски мартириум е датиран во времето на Јустинијан или по него, а може да се смести и на крајот од IV век. Црквата била посветена на големиот култ на евхаристијата, врз гроб или реликвии на некој голем маченик. Била опрeделена како централна за поклонение на верниците од овој дел на Источен Илирик. Објектите со централно и октогонално решение од античкото време, со функција на мавзолеј, во старохристијанскиот период биле наменети за мартириуми, а подоцна за баптистериуми. Објектот под Големо Градиште бил долго и континуирано во употреба. Истражувањата укажуваат дека како старохристијански храм мартириум имал важна улога во времето на покрстувањето на Словените во IV-V век. Во подножјето на локалитетот, исто така, има остатоци од базиликална градба и една гробишна црква од XIV век, подигнати врз темели на постар црковен објект. К’шла, некропола од железното и римското време. Се наоѓа на големо широко плато што се надвиснува над десниот брег на Крива Река. На североисточниот крај се надоврзува на повисоките ритчиња покрај коритото на реката. Поради загрозеноста со изградбата на железничката пруга Куманово-Деве Баир, во 1995 извршени се  заштитни ископување. Откриени се и истражени 54 гроба, од кои 8 од железното, а останатите од раноримското време. Раноримските гробови биле вкопани во тумул, речиси целосно уништен, од кој е откриен дел од заштитниот прстен изведен од речни бајки. Имаат конструкција од тегули на „две води“ и во нив се погребувани кремирани или инхумирани покојници. Од гробни прилози се најдени разни керамички садови, белезици, обетки, прстени, ѓердани и друго. Овие гробови и припаѓаат на северната некропола на локалитетот Големо Градиште.
 
7. КРАТОВО
Дупка, Талашманци
, некропола од доцнохеленистичкото и римското време. На 3 км западно од Кратово, со трасирањето на патот за Скопје е пресечена некрополата на благата падина на десниот брег на Кратовска Река. Со ископувањата во 1990 се откриени една доцнохеленистичка гробница издлабена во карпа и еден раноримски гроб.  Кратово, населба од доцнохеленистичкото и римското време. Се наоѓа на северниот дел на градот. На ридот кај гимназијата, со ископувањата изведувани во 1992 се откриени делови од јужниот бедем на населбата и ретки фрагменти на хеленистичка керамика, како и многубројни остатоци од римски садови, питоси и римски монети од III-IV в. Откриена е и печка за печење на керамички садови. Кратово, средновековна некропола. Во дворот на М. Манев биле откриени гробови со камени конструкции, во кои се најдени богати прилози од злато и сребро што им припаѓале на покојници од видни семејства од XIV-XV в. Накитот е изработен во луксузните техники на филигран, ниело и емајл. Наодите се наоѓаат во Музејот на Македонија во Скопје.
 
8. НЕЖИЛОВО
Ан 2, Бари, средновековна населба. Во планинскиот дел, на една височинка што се издига над селото се наоѓаат остатоци од населба, и тоа фрагменти од керамички садови и питоси. Населбата лежи покрај карванскиот пат кој од Бучин Ан (село Талашманци), по гребенот на Осогово, врвел кон исток. Три Кладенец, средновековна топилница за оловна руда. Високо во планинскиот предел, на границата со селото Мушково се зачувани многу остатоци од топена оловна руда. Фурна, населба и топилница од римското време. Во непосредната близина на Речно маало, на левиот брег на Нежиловски Дол, на поголем простор има остатоци од згура, градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови. Чукар, градиште од доцноантичкото време. Источно од селото, на едено ниско расклонение, 2 км оддалечено од маалото Рекарци, на врвот има остатоци од мало утврдување што било оградено со бедем. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
 
9. ПРИКОВЦИ
Лешки, водовод од римското време. Се наоѓа во непосредната близина на Бигорска Чешма. Според податоците од ова место потекнуваат водоводни цевки-тубулуси од римски водовод. Писан Камен, средновековен сакрален објект. Во непосредната близина на селото, десно од патот што води за Кратово и од левата страна на потокот Длабок Дол, во карпата се издлабени 2 ниши во кои одвај се забележуваат остатоци од фрескоживопис. Местото се смета за свето.
 
10. СЕКУЛИЦА
Градиште
, градиште од доцноантичкото време. Високо во пределот на Црн Врв, на рид со зарамнето плато постоел одбранбен ѕид (сега ридот е уништен од рудникот Силекс) кој оградувал простор од 250x150 м. Уништени се многу објекти и еден резервоар за вода. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откриени повеќе од 100 питоси, а биле пронајдени и две големи депоа со златни и бронзени византиски монети (фолеси) ковани во V и VI в. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. Павлева Воденица, населба од доцноантичкото време. Во подножјето на ридот Мало Градиште и на двете страни од Секулички Дол се откриени неколку питоси, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Среден Рид, населба од доцноантичкото време. Помеѓу Липовски Дол и Секулички Дол, при обработувањето на земјата се откриени повеќе питоси, а по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.  

11. СТРАЦИН
Вражиград, градиште од доцноантичкото време. Северно од маалото Тасинци, на висока чука со зарамнет врв кој зафаќа простор од 120x60 м се среќаваат остатоци од утврдена населба. Зачувани се темели од бедемот граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и урнатини од неколку помали објекти. Градиште, градиште од железното време. Во непосредната близина на маалото Поповци, на ниска чука што е оддалечена 1 км од главниот пат Куманово-Страцин, на зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови со сива боја и груба фактура. На неколку места се зачувани делови од бедем граден од сувоѕидица. Чука, некропола-могила од римското време. Во непосредната близина на маалото Тасинци, под ридот Вражиград има ниска могила со пречник во основата од 8 м и височина од 2 м. Видливи се контурите на гробови градени од камени плочи. 12.  

12.ТАТОМИР
Грамади
, населба од доцноантичкото време. На 500 м од маалото Клисура, во нивите кои зафаќаат површина од 150x100 м, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Селиште, населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селското училиште, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. 

13. ТРНОВЕЦ
Блидеш, населба од неолитското време и градиште од доцноантичкото време. Помеѓу доловите Блидеш и Забел се издига висока чука. На зарамнетиот врв, со простор од 200x150 м, се забележуваат фрагменти од сива и црвена неолитска керамика, фрагменти од покривни ќерамиди и питоси. Во доцноантичкото време била подигната населба заштитена со моќен бедем граден од камен и варов малтер кој денес е зачуван во темелите. Градиште, градиште од доцноантичкото време. До утоката на Кратовска Река во Крива Река се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот има зарамнето плато со димензии од 150x100 м, кое било оградено со бедем граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Видливи се темели од повеќе помали објекти. Маркова Куќа, средновековна ќелија. Во коритото на Крива Река и погоре од Кратовски мост има стрмна карпа што се издига над реката. Во карпата има издлабена ќелија со два влеза и обликувано седало. Високо над карпата, во 1940 година жителите раскопале гроб ѕидан од камен и цврст бел малтер, во кој биле најдени само коски од умрениот. Челопек, населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Колаконско, на десниот брег на Крива Река, на простор од 200x200 м се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откопани неколку питоси, а пронајдени се и римски монети, бронзени белезици, обетки и друго. 14.  

14.ТУРАЛЕВО
Спас, средновековни објекти. Спроти селото има високо плато со обработливи ниви во кои, на еден мал простор, биле откриени темели од објекти ѕидани од камен и кал. Судејќи според начинот на ѕидањето и употребениот материјал, веројатно се работи за некакви средновековни објекти. Црквеница, населба од доцноантичкото време. На десната страна од Туралевски Дол, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
 
15. ФИЛИПОВЦИ
Долно Градиште
, градиште од доцноантичкото време. Помеѓу Туралевски Дол и Крива Река, на висок планински гребен се наоѓа долго и тесно плато со димензии од 150x70 м, на кое има остатоци од бедем што го оградувал градиштето. Зачувани се само темелите градени од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината, на повеќе места се гледаат контури на помали објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Градиштето е делумно оштетено со вадење на градежен материјал од бедемот и објектите. На јужното подножје на ридот, кај месноста Герани се откриени повеќе гробови во кои се пронајдени неколку керамички садови и неколку монети. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија. Свети Илија, населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква. На 1 км западно од Топанџиско маало, на висока и пространа падина се зачувани остатоци-темели од објекти,  а по  површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На највисокото место на падината има остатоци од старохристијанска црква. До селото, некропола од доцноантичкото време. Во непосредната близина на Топанџиско маало, во селските лозја и ниви се откриени повеќе гробови. При рилањето на лозјата биле откриени и неколку епиграфски споменици на латински јазик. Пронајдени се и повеќе монети од III и IV век (Луциј и Константин Велики). Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.
 
16. ШЛЕГОВО
Коленец
, населба од доцноантичкото време, на северниот раб од селото, во нивите што зафаќаат простор од 200x200 м се среќаваат парчиња од тегули и тули, а наместа биле откривани темели од објекти. Биле откопани десетина питоси и неколку римски и византиски монти. Кула-Здравичиј Камен, градиште од доцноантичкото време. Северозападно од селото, на планинското расклонение што се спушта стрмно во коритото на Кратовска Река кај селото Железница се издига низок чукар кој има зарамнет простор со димензии од 70x50 м, што бил ограден со бедем граден од камен и варов малтер. Зачувани се само темелите, а во внатрешноста на градиштето има многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во селото, населба и некропола од римското време. На северниот раб на селото Шлегово, во нивата се откриени неколку капители, бази и колони, кои сопственикот на нивата ги однел дома и ги употребил при градењето на куќата. Овде бил најден и епиграфски споменик со грчки натпис од III век. По површината има фрагменти од керамич¬ки садови и покривни ќерамиди.
 
17. ШОПСКО РУДАРЕ
Градиште
, градиште од доцноантичкото време. Јужно од месноста Царева Чешма се издига висок рид со доминантна местоположба, на чиј врв има зарамнет простор со димензии од 150x100 м ограден со масивен бедем ѕидан од варов малтер и камен. Од бедемот се зачувани темелите, а на површината има градежен материјал и фрагменти од керамички садови и питоси. Кралица, градиште од доцноантичкото време. Во атарот на маалото Петковци, на левиот брег на Крива Река се издига висок рид кој е тешко пристапен, со исклучок на јужната страна. На врвот има зарамнет простор на кој се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Одбранбениот ѕид што го оградувал градиштето е зачуван во темелите. Селиште, населба од римското време. Во атарот на Чергинско маало, на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. При орањето биле откриени и темели од објекти крај кои биле најдени неколку питоси.  Трон-Пешта, населба од неолитското и доцноантичкото време. На 1,5 км северно од маалото Цоцевци се издига висока карпа што доминира над околниот терен. На западната страна, под карпата се протега тераса со димензии од 70x60 м, на која има фрагменти од неолитски керамички садови со фина и груба фактура, со сива и црвеникава боја. Наоди се среќаваат и во подножјето на терасата, особено во нивите каде што се наоѓало подградието. Биле откопани неколку питоси и римски монети. Царева Чешмa-Локва, населба од неолитското, железното и доцноантичкото време. Помеѓу селата Шопско Рударе и Татомир се наоѓа месноста Царева Чешма која претставува тесна долина. Во непосредната близина на чешмата се издига ниска чука што доминира во долината. На површината на чуката се среќаваат фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура и претежно со сива боја, карактеристични за неолитот и за железното време. Во доцноантичкото време теренот исто така бил користен, на што упатува големиот број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Населбата била оградена со масивен бедем, делумно зачуван во темелите. Според податоците од мештаните, најдени се неколку римски и рановизантиски монети.

Sunday, December 19, 2010

АВСТРИЈА



Австрија (германски: Republik Österreich) е земја во Централна Европа, без излез на море. Се состои од 9 сојузни држави. Се граничи со Германија иЧешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Во овие граници зафаќа површина од 84000 км2 и на тој простор живеат над 8 милиони жители. Главниот град на Австрија е Виена.
Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.















Знаме на Австрија                                                Грб на Австрија

Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во камената доба. Најпознатиот локалитет од тоа време е Вилендорфска Венера 
која била пронајдена во Вилендорф во Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Покасно, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата  нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.
   Вилендорфска венера
Во периодот кога келтите под контрола   на Рим се романизирале, на север се населиле германите, мешајќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.


Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Во околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словенитеи Аварите на исток. Во 10 век биле победени унгарците, и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за прв пат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.










                                   ВИЕНА

Во 1278 година, кнежеството Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиската империја бргу напредувала, и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.
Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно своето население го принудил да го прифати католизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Света Римска империја, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.
Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел одСрбија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.
Во 1867 година, крал Франц Јозеф го одобрил создавањето на двојната монархија Австро-Унгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.

Австро-Унгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главна причина се гледа стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со што повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.
По војната од територијата на Австро-Унгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.
По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.

Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.

Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.
Површината на Австрија изнесува 84000 km², и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.

Австрија е главно населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. По своето државно уредување Австрија е Република, а нејзин главен град е Виена. Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км². Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.

Австрија во голема мера била под влијание на Протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на Контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајните еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), главно, престојувале во Виена, и истата била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2 / 3 од еврејската популација емигрирала од 1938 до 1941 година), и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани.
Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани.  Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија. Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5.7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Каринтија, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на Хиндуисти, будисти и евреи и.т.н.








АЛБАНИЈА



Албанија  е медитеранска и балканска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата едемократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70% од населението се муслимани, 20% се православни христијани и 10% се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права.Албанија е член на НАТО.


Албанија е средновековно латинско име за државата која на својот јазик се нарекува Shqipëri. Коренот на зборот, поточно суфиксот алб- потекнува од илирски збор за бело. Покасно народот почнал да ја вика државата со денешното име што значи „земја на орелот“ или „земја на планинскиот орел“.



Просторот на денешна Албанија бил населен уште од најраните времиња. Најраното население кое се споменува низ историјата е праиндо европската нација, кој го населила поголемиот дел од Медитеранот. Овие племиња многу бргу биле заменети со прото-хеленските племиња, кои постепено ги зазимале просториите на денешна Грција, Јужна Македонија и Јужна Албанија.
Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. когаРимјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. -228 година п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.
За време на владеењто на Римската империја и Византија, во Албанија краткотрајно хуните и визиготите правиле нереди и востанија. Во 6 век на дел од територијата на Албанија се населиле словените, кои воделе меѓусебни војни со месното население.

Од 861 до 1018 година, албанската територија се нашла во составот на Самоуловата држава. По падот на Цар Самоил, Албанија паднала во рацете на Византија.Во 1478 година, Албанија паднала под власта на Османлиската империја. Еден од најпознатите личности од ова време е Скендер Вег. Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска. Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Туците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска, се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. По примањето на христијанската (православна) вера, го сменил и името од Скендер Бег, во Ѓорѓија Кастриот неговото име од детство. Оттогаш водел беспоштедна борба против Османското царство.

Во времето на Втора светска војна, албанските фашисти ги помагале италијанците во борба против грците и југословените. По војната, власта била заземена од комунистите во ноември 1944 година, под раководство на Енвер Хоџа и Мехуд Шеху. Енвер Хоџа ги расипал односите со Белград,Москва и Кина, воведувајќи ја земјата во изолација прво од страна на т.н. западен блок на САД, Западна Европа и Канада, а покасно и од источните комунистички земји.

Албанија има вкупна површина од 28.748 километри квадратни. Брегот на Албанија е долг 362 километри и зафаќа делови на Јадранско Море и Јонско Море. 70 % од територијата на Албанија е планинска и највисок врв е Кораб на македонската граница. Климата на Албанија е континентална. Покрај Тирана, други поголеми градови во Албанија се: Драч, Елбасан, Скадар, Ѓирокастро, Валона, Горица и Кукс.

Албанија е парламентарна демократија основана во обновениот устав од 1998. Денес избори се одржуваат на секои четири години за 140 пратенички места во народното собрание на Албанија. После усвојувањето на новиот устав Албанија се свртела кон евро-атланскте интеграции и на 2 април 2009 година Албанија стана 27-та држава членка на НАТО.

Бројот на жители во Албанија изнесува 3 619 778 души според пописот на населението од 2008 година и според истото се наоѓа на 130 место по бројот на население во светот. Историски, државата е разделена на Северна Албанија и Јужна Албанија. Како граница помеѓу северот и југот се смета реката Шкумбини.
Албанскиот јазик е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат гегскиот дијалект во Косово и делови на Македонија. Впрочем, се уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки,македонски, српски и турски.

Македонците се едно од малцинствата во Албанија и се претпоставува дека нивниот број е околу 150 000. Тие живеат покрај албанско-македонската граница воМала Преспа, Голо Брдо и Гора, а во голем број ги има и во: Корча, Елбасан, Драч, Тирана и други места. Тие се организирани во повеќе здруженија од кои најпознати се "Преспа" и "Мир", а имаат регистрирано и своја политичка партија. Засега како македонско национално малцинство се признати само Македонците во регионот на Мала Преспа, каде тие се организирани и имаат општина раководена од етнички Македонец, Пустец. Во регионот на Мала Преспа, етничките македонци имаат право на образование на мајчин јазик, но само во основното образование. Она што е апсурдно е тоа што иако во гимназијата во Мала Преспа предаваат професори етнички Македонци на ученици етнички Македонци, сепак наставата се одвива на албански јазик. Во Албанија постојат и малубројни групи кои се декларираат како етнички Бугари и кои имаат свои организации во Голо Брдо и Гора. Но, загрижува фактот што Република Бугарија преку одредени активности бара поддршка од албанските власти и се труди да ги асимилира етничките Македонци кои што живеат во Албанија терајќи ги да се декларираат како Бугари. Еден од повидните македонски активисти кои што живеат во Албанија е професорот на Тиранскиот Универзитет од македонско етничко потекло, г-нот Кимет Фетаху.

Според европските стандарди, Албанија е сиромашна држава. БНП по глава на жител изнесува 25% од просечниот стандард на ЕУ во 2008 година. Албанија покажала потенцијал за економски раст бидејќи економијата на Албанија се зајакнува и бизносот во државата расте. Албанија и Кипар се единствените држави во Европа кои во првата половина на 2009 година оствариле економски раст, сепак незначителен.

Културата на Албанија е составена од повеќе елементи, како и од влијание од околните култури. Албанската народна музика се дели на три групи: геги, тоски и лаби. Јужните звици се зметаат за херојски и силни, додека северните етно звуци се сметаат за посмирени и нежни.
Албанскиот јазик бил потврден како индоевропски јазик во 1854 година од германскиот филолог Франц Боп. Овој јазик прави своја посебна група во ова јазично семејство. Потеклото на албанскиот јазик и на албанците се поврзува со Илирите и со дачи-тракијците.