1. ВАКУФ
Чукарче, старохристијанска црква. Кај утоката на реката Повишница во Крива Река се издига ниска чука која зафаќа простор од 50x50 м, оградена со ѕид од сувоѕидица. Во средишниот дел на просторот се гледаат темели од црква, а се среќаваат и фрагменти од покривни ќерамиди.

2. ГОРНО КРАТОВО
Градиште-Чукар, градиште од доцноантичкото време. На 2 км од месноста Грамади се издига висок и тешко пристапен рид. На самиот врв има добро зачувани остатоци од бедем што оградувал простор од 50x50 м, ѕидан од камен и варов малтер, широк 1,50 м. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Грамади, населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Гарганци, на простор од 800x600 м се среќаваат градежен материјал, питоси и покривни ќерамиди. Во нивата се откопани три питоса, а најдена e минијатурна статуетка од бронза со претстава на богот Меркур. Статуетката се чува во Музејот на Македонија во Скопје.

3. ЕМИРИЦА
Градиште, градиште од доцноантичкото време. Во пределот на Лопен, до утоката на Модра Река во Злетовица се издига низок рид со зарамнет врв на кој се зачувани остатоци од мало градиште. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

4. ЖЕЛЕЗНИЦА
Манастириште, некропола од доцноантичкото време. На јужниот раб на селото, при проширувањето на патот што води за Кратово биле откриени и уништени неколку гроба. Во нив имало керамички садови и монети кои не се зачувани. Равниште, некропола од римското време. Локалитетот се наоѓа над селото, на високото плато каде што е подигната опитната станица за овоштарство. Во 1961 овде бил уништен дел од некропола, поточно 4 гроба градени од големи камени плочи. На една од плочите, што подоцна била украдена, имало релјефна претстава и натпис. Во близината на некрополата бил откопан еден питос и уште неколку во местата Вук и Живолевски Рид, во реонот на селските лозја.

5. КНЕЖЕВО
Куково Градиште, градиште од доцноантичкото време. На зарамнетото плато со простор од 100x80 м на високиот рид што се наоѓа на 1 км источно од селското училиште се гледаат остатоци од масивни темели на бедем ѕидан од камен и варов малтер. Речиси по целата површина има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.
6. КОЊУХ
Големо Градиште, утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на висок рид покрај Крива Река, во близината на селото. На врвот има плато со безброј објекти исклепани во карпа, мали испоснички ќелии со траги од живопис, многу крстови и симболични знаци врежани до самите влезови. Населбата била расположена на главниот пат што водел од Куманово за Софија (Сердика). Во старохристијанскиот период претставувала голем црковен центар во провинцијата Дарданија, во Источен Илирик. Ова било посебно изразено со формирањето на архиепископијата Јустинијана прима од императорот Јустинјан I, со која се стремел црковните диецези да ги ослободи од големата власт на римскиот папа. По населувањето на Словените во овие области, Коњух и околината паѓаат под јурисдикција на епископијата на Брегалница, а подоцна, со повторното ширење на византиската власт, под епископијата во Мородвис. Од средината на IV и во текот на X век овие територии биле зафатени со акцијата за покрстување, раководена од св.Климент. На територијата на деспотот Драгаш, во 1373 година го наоѓаме под името Коњух, за кое се претпоставува дека било земено од словенската митологија.
Во подножјето на Големо Градиште уште во 1919 година бил откриен црковен објект кој има посебно значење за истражувањето на почетоците и на развојот на црковната архитектура во Македонија. Според основата и внатрешното уредување црквата им припаѓа на градбите со централно решение и со купола. Од надворешната страна има форма на правоаголник во кој централниот простор има впишана кружна основа и е опашан со ходник со потковична форма, поставен на масивно ѕидани столбови и меноа. Должината на црквата изнесува 23 м, а ширината 7,50-14 м. Во олтарниот простор е формиран амбулакрум. Зачувани се основите на епископската катедра, а од страните делови од синтроносите. Има остатоци и од олтарната преграда, поставена на 6 столба. Подот во презвитериумот е обложен со мермерни плочки кои во техниката опус сецтиле формираат крст. Црквата имала раскошно изграден амвон од кој се најдени делови од архитектонската пластика од зелен песочник. На абакусот на еден од капителите има натпис ОМАТРИРС кој се толкува како ДОМУС МАРТИРИС. Објектот како градски мартириум е датиран во времето на Јустинијан или по него, а може да се смести и на крајот од IV век. Црквата била посветена на големиот култ на евхаристијата, врз гроб или реликвии на некој голем маченик. Била опрeделена како централна за поклонение на верниците од овој дел на Источен Илирик. Објектите со централно и октогонално решение од античкото време, со функција на мавзолеј, во старохристијанскиот период биле наменети за мартириуми, а подоцна за баптистериуми. Објектот под Големо Градиште бил долго и континуирано во употреба. Истражувањата укажуваат дека како старохристијански храм мартириум имал важна улога во времето на покрстувањето на Словените во IV-V век. Во подножјето на локалитетот, исто така, има остатоци од базиликална градба и една гробишна црква од XIV век, подигнати врз темели на постар црковен објект. К’шла, некропола од железното и римското време. Се наоѓа на големо широко плато што се надвиснува над десниот брег на Крива Река. На североисточниот крај се надоврзува на повисоките ритчиња покрај коритото на реката. Поради загрозеноста со изградбата на железничката пруга Куманово-Деве Баир, во 1995 извршени се заштитни ископување. Откриени се и истражени 54 гроба, од кои 8 од железното, а останатите од раноримското време. Раноримските гробови биле вкопани во тумул, речиси целосно уништен, од кој е откриен дел од заштитниот прстен изведен од речни бајки. Имаат конструкција од тегули на „две води“ и во нив се погребувани кремирани или инхумирани покојници. Од гробни прилози се најдени разни керамички садови, белезици, обетки, прстени, ѓердани и друго. Овие гробови и припаѓаат на северната некропола на локалитетот Големо Градиште.

7. КРАТОВО
Дупка, Талашманци, некропола од доцнохеленистичкото и римското време. На 3 км западно од Кратово, со трасирањето на патот за Скопје е пресечена некрополата на благата падина на десниот брег на Кратовска Река. Со ископувањата во 1990 се откриени една доцнохеленистичка гробница издлабена во карпа и еден раноримски гроб. Кратово, населба од доцнохеленистичкото и римското време. Се наоѓа на северниот дел на градот. На ридот кај гимназијата, со ископувањата изведувани во 1992 се откриени делови од јужниот бедем на населбата и ретки фрагменти на хеленистичка керамика, како и многубројни остатоци од римски садови, питоси и римски монети од III-IV в. Откриена е и печка за печење на керамички садови. Кратово, средновековна некропола. Во дворот на М. Манев биле откриени гробови со камени конструкции, во кои се најдени богати прилози од злато и сребро што им припаѓале на покојници од видни семејства од XIV-XV в. Накитот е изработен во луксузните техники на филигран, ниело и емајл. Наодите се наоѓаат во Музејот на Македонија во Скопје.

8. НЕЖИЛОВО
Ан 2, Бари, средновековна населба. Во планинскиот дел, на една височинка што се издига над селото се наоѓаат остатоци од населба, и тоа фрагменти од керамички садови и питоси. Населбата лежи покрај карванскиот пат кој од Бучин Ан (село Талашманци), по гребенот на Осогово, врвел кон исток. Три Кладенец, средновековна топилница за оловна руда. Високо во планинскиот предел, на границата со селото Мушково се зачувани многу остатоци од топена оловна руда. Фурна, населба и топилница од римското време. Во непосредната близина на Речно маало, на левиот брег на Нежиловски Дол, на поголем простор има остатоци од згура, градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови. Чукар, градиште од доцноантичкото време. Источно од селото, на едено ниско расклонение, 2 км оддалечено од маалото Рекарци, на врвот има остатоци од мало утврдување што било оградено со бедем. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

9. ПРИКОВЦИ
Лешки, водовод од римското време. Се наоѓа во непосредната близина на Бигорска Чешма. Според податоците од ова место потекнуваат водоводни цевки-тубулуси од римски водовод. Писан Камен, средновековен сакрален објект. Во непосредната близина на селото, десно од патот што води за Кратово и од левата страна на потокот Длабок Дол, во карпата се издлабени 2 ниши во кои одвај се забележуваат остатоци од фрескоживопис. Местото се смета за свето.

10. СЕКУЛИЦА
Градиште, градиште од доцноантичкото време. Високо во пределот на Црн Врв, на рид со зарамнето плато постоел одбранбен ѕид (сега ридот е уништен од рудникот Силекс) кој оградувал простор од 250x150 м. Уништени се многу објекти и еден резервоар за вода. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откриени повеќе од 100 питоси, а биле пронајдени и две големи депоа со златни и бронзени византиски монети (фолеси) ковани во V и VI в. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. Павлева Воденица, населба од доцноантичкото време. Во подножјето на ридот Мало Градиште и на двете страни од Секулички Дол се откриени неколку питоси, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Среден Рид, населба од доцноантичкото време. Помеѓу Липовски Дол и Секулички Дол, при обработувањето на земјата се откриени повеќе питоси, а по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.

11. СТРАЦИН
Вражиград, градиште од доцноантичкото време. Северно од маалото Тасинци, на висока чука со зарамнет врв кој зафаќа простор од 120x60 м се среќаваат остатоци од утврдена населба. Зачувани се темели од бедемот граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Видливи се и урнатини од неколку помали објекти. Градиште, градиште од железното време. Во непосредната близина на маалото Поповци, на ниска чука што е оддалечена 1 км од главниот пат Куманово-Страцин, на зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови со сива боја и груба фактура. На неколку места се зачувани делови од бедем граден од сувоѕидица. Чука, некропола-могила од римското време. Во непосредната близина на маалото Тасинци, под ридот Вражиград има ниска могила со пречник во основата од 8 м и височина од 2 м. Видливи се контурите на гробови градени од камени плочи. 12.

12.ТАТОМИР
Грамади, населба од доцноантичкото време. На 500 м од маалото Клисура, во нивите кои зафаќаат површина од 150x100 м, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Селиште, населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селското училиште, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

13. ТРНОВЕЦ
Блидеш, населба од неолитското време и градиште од доцноантичкото време. Помеѓу доловите Блидеш и Забел се издига висока чука. На зарамнетиот врв, со простор од 200x150 м, се забележуваат фрагменти од сива и црвена неолитска керамика, фрагменти од покривни ќерамиди и питоси. Во доцноантичкото време била подигната населба заштитена со моќен бедем граден од камен и варов малтер кој денес е зачуван во темелите. Градиште, градиште од доцноантичкото време. До утоката на Кратовска Река во Крива Река се издига висок рид со доминантна местоположба. На врвот има зарамнето плато со димензии од 150x100 м, кое било оградено со бедем граден од камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Видливи се темели од повеќе помали објекти. Маркова Куќа, средновековна ќелија. Во коритото на Крива Река и погоре од Кратовски мост има стрмна карпа што се издига над реката. Во карпата има издлабена ќелија со два влеза и обликувано седало. Високо над карпата, во 1940 година жителите раскопале гроб ѕидан од камен и цврст бел малтер, во кој биле најдени само коски од умрениот. Челопек, населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Колаконско, на десниот брег на Крива Река, на простор од 200x200 м се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле откопани неколку питоси, а пронајдени се и римски монети, бронзени белезици, обетки и друго. 14.

14.ТУРАЛЕВО
Спас, средновековни објекти. Спроти селото има високо плато со обработливи ниви во кои, на еден мал простор, биле откриени темели од објекти ѕидани од камен и кал. Судејќи според начинот на ѕидањето и употребениот материјал, веројатно се работи за некакви средновековни објекти. Црквеница, населба од доцноантичкото време. На десната страна од Туралевски Дол, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди.

15. ФИЛИПОВЦИ
Долно Градиште, градиште од доцноантичкото време. Помеѓу Туралевски Дол и Крива Река, на висок планински гребен се наоѓа долго и тесно плато со димензии од 150x70 м, на кое има остатоци од бедем што го оградувал градиштето. Зачувани се само темелите градени од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината, на повеќе места се гледаат контури на помали објекти. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Градиштето е делумно оштетено со вадење на градежен материјал од бедемот и објектите. На јужното подножје на ридот, кај месноста Герани се откриени повеќе гробови во кои се пронајдени неколку керамички садови и неколку монети. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија. Свети Илија, населба од доцноантичкото време и старохристијанска црква. На 1 км западно од Топанџиско маало, на висока и пространа падина се зачувани остатоци-темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На највисокото место на падината има остатоци од старохристијанска црква. До селото, некропола од доцноантичкото време. Во непосредната близина на Топанџиско маало, во селските лозја и ниви се откриени повеќе гробови. При рилањето на лозјата биле откриени и неколку епиграфски споменици на латински јазик. Пронајдени се и повеќе монети од III и IV век (Луциј и Константин Велики). Наодите се чуваат во Музејот на Македонија.

16. ШЛЕГОВО
Коленец, населба од доцноантичкото време, на северниот раб од селото, во нивите што зафаќаат простор од 200x200 м се среќаваат парчиња од тегули и тули, а наместа биле откривани темели од објекти. Биле откопани десетина питоси и неколку римски и византиски монти. Кула-Здравичиј Камен, градиште од доцноантичкото време. Северозападно од селото, на планинското расклонение што се спушта стрмно во коритото на Кратовска Река кај селото Железница се издига низок чукар кој има зарамнет простор со димензии од 70x50 м, што бил ограден со бедем граден од камен и варов малтер. Зачувани се само темелите, а во внатрешноста на градиштето има многу фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во селото, населба и некропола од римското време. На северниот раб на селото Шлегово, во нивата се откриени неколку капители, бази и колони, кои сопственикот на нивата ги однел дома и ги употребил при градењето на куќата. Овде бил најден и епиграфски споменик со грчки натпис од III век. По површината има фрагменти од керамич¬ки садови и покривни ќерамиди.

17. ШОПСКО РУДАРЕ
Градиште, градиште од доцноантичкото време. Јужно од месноста Царева Чешма се издига висок рид со доминантна местоположба, на чиј врв има зарамнет простор со димензии од 150x100 м ограден со масивен бедем ѕидан од варов малтер и камен. Од бедемот се зачувани темелите, а на површината има градежен материјал и фрагменти од керамички садови и питоси. Кралица, градиште од доцноантичкото време. Во атарот на маалото Петковци, на левиот брег на Крива Река се издига висок рид кој е тешко пристапен, со исклучок на јужната страна. На врвот има зарамнет простор на кој се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Одбранбениот ѕид што го оградувал градиштето е зачуван во темелите. Селиште, населба од римското време. Во атарот на Чергинско маало, на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. При орањето биле откриени и темели од објекти крај кои биле најдени неколку питоси. Трон-Пешта, населба од неолитското и доцноантичкото време. На 1,5 км северно од маалото Цоцевци се издига висока карпа што доминира над околниот терен. На западната страна, под карпата се протега тераса со димензии од 70x60 м, на која има фрагменти од неолитски керамички садови со фина и груба фактура, со сива и црвеникава боја. Наоди се среќаваат и во подножјето на терасата, особено во нивите каде што се наоѓало подградието. Биле откопани неколку питоси и римски монети. Царева Чешмa-Локва, населба од неолитското, железното и доцноантичкото време. Помеѓу селата Шопско Рударе и Татомир се наоѓа месноста Царева Чешма која претставува тесна долина. Во непосредната близина на чешмата се издига ниска чука што доминира во долината. На површината на чуката се среќаваат фрагменти од керамички садови со фина и груба фактура и претежно со сива боја, карактеристични за неолитот и за железното време. Во доцноантичкото време теренот исто така бил користен, на што упатува големиот број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Населбата била оградена со масивен бедем, делумно зачуван во темелите. Според податоците од мештаните, најдени се неколку римски и рановизантиски монети.

No comments:
Post a Comment